Македонија, спор за име и прилика за профит (ФОТО)

Маици со пораки за името Македонија стануваат се попопуларни во Грција а се зголемува продажбата во дијаспората, пишуваат дел од грчките блогери и „Панмакедонски“ активисти на социјалнните мрежи.

„Македонија беше и секогаш ќе биде грчка“ е една по најпопуларните пораки кои што се појавуваат на маици, блузи и јакни кои што преку интернет и на тезги им се продаваат на Грците кои што на овој начин сакаат да ја искажат загриженоста за договорот од Преспа од кои не се задоволни затоа што сметаат дека со него премиерот Ципрас направил национално предавство.

Во извештаите од Грција се вели дека овој вид на гардероба е популарен и меѓу младите луѓе во Солун, Атина и другите градови каде што пораките за Македонија можат да се видат во најелитните ноќни клубови и кафулиња во Грција но и во големите американски, канадски и австралиски градови каде што има значителна грчка заедница.