Македонија со победа во Финска го потврди пласманот на ЕП во ракомет

Ракометната репрезентација на Македонија и дефинитивно се избори за учество на своето седмо Европско првенство со триумфот над Финска и во Рихимаки со 27:22 за четврта победа во петтиот натпревар во седмата квалификациска група.

„Фенерџијата“ без бод во групата одржуваше резултатска рамнотежа до 19:19, по што избраниците на селекторот и капитен Кирил Лазаров со четири гола во низа го решија прашањето на победникот.

Тоа можеше и порано да биде направено ако не беа 20. одбрани на домашниот голман Патрик Росландер и само половичниот успех од 12. изведени седмерци од „црвено-жолтите“.

Лазаров и Филип Кузмановски со по 5 гола беа најефикасни во македонскиот состав, кој квалификацискиот циклус ќе го заврши в недела од 17:50 часот како домаќин во реваншот со Швајцарија.

Следното ЕП ќе се одржи во јануари 2022 година во Словачка и во Унгарија.