Македонија со Норвешка, Холандија и Аргентина на СП во ракомет

Машката ракометна репрезентација на Македонија во своето осмо учество на мундијалите ќе игра со Норвешка, Холандија и Аргентина во групата Ф во Катовице на 28. Светско првенство што ќе се одржи од 11 до 29 јануари во Полска и Шведска.

Првите три селекции по натпреварите во групата ќе продолжат во групата 3 од главната фаза исто така во Катовице, во која ќе играат и трите најдобри репрезентации од прелиминарната група Е, во која ќе играат Германија, Катар, Србија и петтиот претставник од Африка.


Двата првопласирани тима од главната фаза ќе се пласираат во четвртфиналето.

Деветтото место на СП 2015 во Катар е најголемиот успех на Македонија на планетарните ракометни шампионати.

На последното СП 2021 во Египет „црвено-жолтите“ завршија претпоследни меѓу 24 учесници.