Од вкупно шестмина што треба да играат на годинашното Европско првенство, а кои ќе настапат во пролетниот дел од сезоната во Хрватската фудбалска лига (ХНЛ), половина се од Македонија, пишува „Вечерњи лист“.
Станува збор за капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, за неговиот соиграч Стефан Ристовски и за Дарко Велковски од Риека.
Останатите тројца што настапуваат во елитната конкуренција во Хрватска, а кои се очекуваат и на ЕП, се Марио Гаврановиќ од Швајцарија, Ласло Клајнхајслер од Унгарија и Евген Чеберко од Украина.
Со седуммина интернационалци, Македонија го дели третото место со Шпанија по бројот на фудбалери меѓу странците во ХНЛ, зад Босна и Херцеговина со 18 и Албанија со 10.
Покрај Адеми, Ристовски и Велковски, тука се уште Исник Алими и Тодор Тодороски од Шибеник, Јани Атанасов од Хајдук и Едис Малиќи од Локомотива Загреб.
Во десетте хрватски прволигаши играат 129 странски фудбалери од 44 земји.