Македонија со два активни борбени воздухоплова – хеликоптерите Ми-24

Македонија, која е на пат да стане 30. членка на НАТО, во моментов располага само со два борбени воздухоплова – хеликоптерите Ми-24, констатира Живоин Банковиќ од вебсајтот „Танго сикс“ за српскиот весник „Блиц“.



„Во Македонија во моментов се активни два десантно-јуришни хеликоптери Ми-24, кои ќе останат единствени борбени хеликоптери. Покрај тоа, во борба можат да се употребат и два транспортни хеликоптера Ми-8МТ, а се очекува ремонт на уште две такви летала“, вели Банковиќ за „Блиц“.

Во слична положба како Македонија е и НАТО-членката Црна Гора, која во моментов корисрти два борбени хеликоптера ГАМА (Газела-Маљутка), а ги има уште три.

Како и Македонија и Црна Гора, НАТО-членката Албанија и Босна и Херцеговина немаат борбени авиони, а последните две ниту такви хеликоптери.

Од земјите во регионот лидер во поглед на борбените воздухоплови е Унгарија со 14 авиони СААБ ЈАС-39, плус 8 хеликоптери Ми-24 и 5 Ми-17.

Романија има 12 Ф-16 АМ и БМ, 18 ИАР-99 Шоим и 19 МиГ-29, како и 20 хеликоптери ИАР-330Л.

Србија располага со 10 МиГ 29, 10 „Орао“, 7-8 Г-4, како и 2 хеликоптера Ми-8Т, 2 Ми-17В-5 и 8 ГАМА.

Хрватското воено воздухопловство има 8 МиГ-21 и од хеликоптери 16 ОХ-58Д (Р) Кјова вориор и 10 Ми171Ш.

Бугарија, пак, располага со 4-8 МиГ-29, 6 Л-39ЗА Албатрос, а од хеликоптери 2 Ми-24В и 1 Ми-17.