Не само огромното мнозинство Македонци и останати граѓани на Македонија, кои јасно ја изразија својата волја преку масовниот бојкот на пропаднатиот референдум од 30 септември 2018 година, туку и Европската ракометна федерација (ЕХФ) не ја есапи натурената географска одредница пред името на македонската држава.
„Македонија го заврши своето патување на ЕП 2024 со победа над Швајцарија“, објави ЕХФ на својот официјален профил на Твитер по триумфот на македонските ракометари од 29:27 во дуелот во арената „Мерцедес-Бенц“ во Берлин од последното коло од прелиминарната фаза на тековниот еврошампионат во Германија.