Три прашања го даваат одговорот на прашањето дали Пендаровски ја спасува владата со свикување на Националниот совет за безбедност, дали државата се соочува со сериозна безбедносна закана или шефот на државата ја работи својата работа професионално.

Луѓе кои 30 години работат на полето на безбедноста укажуваат на три прашања на кои мора да бидат одговорени за граѓаните да знаат со што се соочуваат.

Трите прашања се следниве:

1. Дали денешната седницата на Советот за безбедност која е свикана вчера е итна без претходно доставување на покана, предлог за дневен ред и материјал за седница за учесниците?

2. Дали институциите најмалку 10 дена пред одржување на седницата на Советот имаат доставено материјали за прашањата кои се предлагаат и анализираат на седницата на Советот?

3. Дали поканата за членовите на Советот за безбедност е упатена пред 5 дена како што налага протоколот за работа на Советот.

Доколку нема покани а членовите кои се поканети и институции не подготвиле свои материјали и анализи тогаш според поранешен член на Советот на безбедност се работи за иманентна закана за безбедноста на државата за која треба да знаат сите институции кои се занимаваат со оваа тема на различни нивоа.

Доколку последиците од можните закани можат да ја нарушат личната безбедност на граѓаните тие треба да треба да бидат информирани за тоа, смета екс членот на Советот.

Доколку се работи за Ад Хок состанок и нема иманентна безбедносна закана за Македонија тогаш според друг поранешен член на Советот за безбедност состанокот има пропагандна цел, да ја дефокусира јавноста од владината криза во која влегоа СДСМ И ДУИ по катастрофата во Тетово.

Според протоколот за работа на Советот за безбедност тој се свикува како Ад Хок односно вонредно само ако има јасна присутна закана за безбедноста на државата.

Според најавата од Кабинетот на Претседателот на 13-тата седница на Советот за безбедност на Република Македонија се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија и за поставеноста на системот за управување со кризи.

Системот за управување на кризи не функционира со години а бегалците беа најавени уште пред еден месец кога Пендаровски мораше да го свика Советот.

Што опасно или различно се случило на овие две теми во меѓувреме засега не знаеме.

Предходно Пендаровски не го свика Советот за аферата со 215 пасоши од МВР за криминалци, за аферата Ерменскиот Вице Заев или за пожарите иако и тогаш беше јасно дека системот за заштита и институциите кои треба да се грижат за безбедноста на граѓаните не функционираат.