Најкрвавиот настан во војната во Македонија од 2001 година и во поновата историја на Македонија се случи на 28 април 2001 година, попладнето во 17:45 часот на кривината Црвен камен во месноста Бреза, на средина од планинскиот пат помеѓу селата Селце и Вејце припадници на терористичката, паравоената формација ОНА, од заседа беа пресретнати, нападнати, убиени и на крај ѕверски масакрирани осум, а ранети тројца припадници на безбедносните сили на Република Македонија.
Вкупниот крвав биланс е осум загинати и тројца ранети припадници на безбедносните сили на Република Македонија, пишува на фејсбук профилот на Македонски бранители.
„По вооружениот напад, терористите се симнале на патот при што почнало дивеењето и крвавиот пир врз тешко ранетите и онеспособени за давање на отпор припадници на безбедносните сили. Откако со истрели од близина се усмртени тешко ранетите, но сѐ уште живи припадници на безбедносните сили на Република Македонија, терористите го започнале масакрирањето на нивните тела со брутално кршење на черепите со кундаците од пушките и со бодење на веќе мртвите тела на македонските бранители со длабоки убоди предизвикани со вртење од таканаречен “кинески” нож. На крај тројца полицајци, сѐ уште живи биле запалени и целосно изгорени.
Постојат многу сомневања дека патролата била предадена од полициски началници…
