Фудбалската репрезентација на Македонија го заврши својот дебитантски настап на европските првенства со пораз од 3:0 против домаќинот Холандија на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам.

Резултатот можеше да биде многу поповолен за избраниците на селекторот Игор Ангеловски ако не беше нерегуларното отворање на резултатот со голот на Депај во 24. минута по евидентниот прекршок од Блинд врз Пандев на 17 м. од холандскиот гол, кој му претходеше на контранападот на „лалињата“.

Дури ни ВАР „не го виде“ тоа што го видоа сите и на трибините, и покрај малите екрани, па романскиот судија Ковач, кој три остри стартови врз македонските фудбалери пред голот на „портокаловите“, покажа на центарот.

Пред водечкиот гол на соорганизаторот на првенството „паднаа“ и поништениот погодок на Тричковски поради офсајд, и погодената статива од Трајковски.

Прашањето за победникот и дефинитивно го „одговори“ Вајналдум со двата гола во 51. и 58. минута, по што и на Чурлинов му поништија гол поради офсајд.

„Црвено-жолтите“ си заминуваат дома со три порази, заедно со стартниот од 3:1 против Австрија и потоа од Украина со 2:1, двата во Букурешт.

Капитенот Пандев одигра 69 минути во својот 122. и последен меч во дресот на Македонија.