Македонија се наоѓа пред избор во кој има две опции. Едната е политички да капитулира а втората е да го зачува уставот, анализира професорот Љубомир Цуцуловски.
Водечкиот македонски фолозоф во став со наслов ,УСЛОВУВАЊА” анализира дека Бугарија е таа го прекројува минато а Македонија е таа од која се бара да се согласи со смена на своето минато.
,,Бугарија е таа која што (без прекин) го прекројува минатото, како што е, на пример, нејзината припадност кон фашизмот, за кое говори објавувањето војна (во исто време!) на САД и на Обединетото Кралство, после кое следеа бомбардирања од страна на Сојузничката авијација.
Сепак, само од Македонија се бара, ултимативно и безобѕирно, да не робува на минатото, како негувањето на своето минато да претставува непожелно робување. Во ваква ситуација на Македонија не ѝ останува друго освен политички да капитулира или да го сочува своето минато, меѓутоа и сегашноста, вклучувајќи го и Уставот”, забележува професорот Цуцуловски во кратката анализа.