Во изминатите неколку дена државата потроши над 9 милиони евра за купување на струја, по цена и до 250 евра од мегават час. Тоа е и до 5 пати повеќе отколку цената на произведен мегават час од македонските електрани, се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Среде грејна сезона нема јаглен на депонијата во РЕК. Власта наместо да инвестира во нови ископи и копање на јаглен се фрли на матни тендери и ги потроши парите на граѓаните, за сега да префрла нови 65 милиони евра на ЕЛЕМ и МЕПСО да ги покриваат дупките кои сами ги создадоа.

Доколку на време се копаше јаглен во РЕК, и акумулациите се третираа професионално, сега воопшто немаше да има потреба ниту од увоз на јаглен, ниту од увоз на скапа струја, ниту од никакви други матни тендери. Но, наместо на работа, власта се фрли на криминал. И затоа сме пред енергетски колапс“, посочуват од ВМРО-ДПМНЕ.