Македонија пред 30 месеци била предупредена за двојни играчи во тајните служби

Летото 2018 година пријателски контакти но и медиуми од земја членка на НАТО реагирале за двојните играчи во македонските тајни служби кои можат да станат безбедносен проблем по влезот во НАТО.

Тогаш станувало збор за десетина луѓе за кои се знаело дека имале соработка со тајни служби на странски држави кои не се дел од ситемот на НАТО.

Извори во Агенцијата за национална безбедност тврдат дека тогаш не бил конкретно споменат полковникот Секуловски кој сега не може да добие безбедносен сертификат за да стане воен претставник во седиштето на НАТО, но дека било точно укажано на системскиот хаос на оваа тема во македонскиот безбедносен систем.

Според изворот во АНБ кој со години ги анализира овие процеси вели дека и без предупредувањата кои доаѓале од пријателски земји и служби се знаело кои се тие луѓе и затоа не смеело да се направи грешката со полковникот Секуловски.

Со предлогот на министерката Шеќеринска и согласноста на претседателот Пендаровски Македонија во Монс испратила порака дека ниту има систем за прочистување на опасниот елемент во своите редови ниту пак има желба да ги спречи обидите за инфилтрација на луѓе блиски на земји ривали на НАТО преку новата земја членка на алијансата.

Случајот Секуловски е одличен повод претседателот и владата да направат сосема нов план за акција со кој во иднина ќе се исклучат вакви срамни грешки со НАТО но и ќе се пасивизираат сите тие кои што имале или имаат контакти со земји кои не се пријателски настроени кон НАТО, вели изворот во АНБ.

Одговорноста за овој случај сега ќе мора да ја преземат пред се Агенцијата за Разузнавање која не го предупредила Пендаровски и воената служба за безбедност која криела дека Секуловски е “радиоактивен”.

Доколку пак постојат докази дека двете служби предупредиле на ваков инцидент тогаш Пендаровски и Шеќеринска ќе имаат сериозен проблем да објаснат дека не сакале да инфилтираат опасни двојни играчи во најтајните операции на НАТО.

Повеќе на темата

Резил во епизоди: Шеќеринска го носела (не)безбедниот полковник на средба со Столтенберг (ФОТО)