Македонија пак се враќа на “Црната листа” на ЕУ

Европската унија во петокот презеде чекори за враќање на патните ограничувања поради пандемијата на ковид за САД и уште пет други држави. Меѓу нив е и Македонија.
Растот на бројот на новозаразени со коронавирус последниве недели ја враќа Македонија на „црната листа“ за патување во ЕУ. Веста за агенцијата Ројтерс ја потврдиле двајца дипломати на Унијата, пренесува Дојче Веле.

Меѓу земјите за кои ќе се вратат ограничувањата се и САД, Косово, Израел, Црна Гора и Либан.
Процедурата за одлуката започнала денеска, а се очекува да биде потврдена во понеделник доколку ниту една земја-членка на ЕУ не ја блокира.

Ткн. „листа на безбедни земји“ на која се најде и С. Македонија беше усвоена од ЕУ на 15 јули годинава и на неа се најдоа 23 држави.

Повторното ограничувања за македонските граѓани се базира на критериумите според кои се одредува дали граѓаните на некоја земја ќе можат туристички да патуваат во ЕУ ја опфаќаат актуелната епидемиолошка состојба и генералното справување со Ковид-19, како и квалитетот на информациите и изворите на податоци.