Македонската гранична полиција не дозволила влез во земјата на бугарскиот европратеник од ГЕРБ, Андреј Ковачев, кој е и потпретседател на Европската Народна Партија, како и на тајкунот Милен Врабески.
Според информациите на петмина бугарски државјани не им било кажано зошто не можат да влезат во Македонија.
Со Ковачев и Врабевски биле со уште тројца Бугари, пренесе бугарската новинска агенција БГНЕС.
Тие утрово, пишува агенцијата, како и секоја година тргнале да учествуваат на панихидата за починатите на Бугарските воени гробишта во струмичко Ново Село.
При обидот да влезат во Македонија тие биле вратени во Бугарија.
Ковачев е член на партијата на Бојко Борисов ГЕРБ а Милен Врабевски е човекот за кој македонските власти имаат информации дека финансирал фашистички клубови во Македонија.
Неофицијалната црна листа на бугарски државјани, како што тврдат извори на expres.mk во владата била направена за време на тензиите при одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев на почетокот на годинава.
На листата има десетина души кои работеле контра македонскиот уставен поредок но власта не ги објавува нивните имиња.
Листата била направена според информациите добиени од Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.