Македонија најголем увозник на бугарски производи по жител

Иако односите меѓу двата соседа се на нивото од времето на Железната завеса, тоа не ѝ пречи на економската соработка, па Македонија минатата година стана најголем увозник на бугарски производи по жител.

Бугарија лани во Македонија извезла стоки во вредност од 434,7 милиони евра, што поделено со населението од 2,1 милиони ја дава бројката од 17,3 евра по жител месечно, покажуваат податоците на бугарскиот Национален статистички институт.

Втора на оваа листа е Грција со 14,5 евра по жител месечно, трета Романија со 10,9 евра, па следуваат Кипар со 8,1, Словенија со 7,3 итн.

Вкупната сума на стоковната размена меѓу двете држави во 2020 година е 730 милиони евра, со што Бугарија ги престигна Италија и Турција и е шестиот најзначаен надворешнотрговски партнер на Македонија, по Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

„Можеби е тешко да се замисли, но податоците јасно покажуваат дека во последните години Северна Македонија е позначаен трговски партнер на Бугарија дури и од Руската Федерација, која има 50 пати поголема популација“, вели Владимир Владимиров од Бугарско-македонскиот бизнис клуб за „Мениџр њуз“.