Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, на Твитер објави фотографија од својата акредитација на Форумот за слобода на вероисповеста и верувањето во Сингапур, на која пишува дека е „член на Парламент, Македонија“.
На неа реагираше поранешната хрватска европратеничка и основачка на Групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент, Маријана Петир, со хаштагот #никогашсеверна на англиски јазик.
„Прекрасно е да се прочита Македонија без тој глупав збор пред неа…“, напиша фоторепортерот Ал Саиди.