Ако нема предвремени избори а редовните се одржат во март-април 2024 година Македонија може да добие премиер Албанец уште во Јуни идната година.
Ова сценарио го открива претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ кој беше гостин на емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ.
Стоиљковиќ вели дека според расположивите информации според договорот СДСМ и ДУИ партијата на Али Ахмети ќе го добие премиерското место на шест месеци пред формирањето на техничката влада согласно Пржинскиот договор.
Тоа значи дека кадар на ДУИ 9 месеци ќе ја води владата пред изборите.
Според Стоиљковиќ првиот премиер Албанец нема да биде Артан Груби. За него сега е дилема дали СДСМ ќе го раскине или ќе го испочитува договорот со ДУИ затоа што со тоа ќе го уништи ионака веќе руинираниот рејтинг во јавноста.
Целата емисија со Стоиљковиќ
Најчитани вести
Незгодна ситуација за владеачката партија