Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ пртедупреди дека доколку Македонијане го испорача поранешниот припадник на ОВК, Тимор Морина, ќе го прекрши меѓународното право.
Стефановиќ бил загрижен што „претставниците на приштинските власти тврдат дека тоа нема да се случи“ што, како што кажа „упатува дека се во дослух со органите во Македонија“.
Тој вели дека не може да замисли дека тоа може да се случи.
„Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, рече дека тие ќе го почитуваат меѓународното право, што значи екстрадиција на српските органи. Ако тоа не се случи, ќе видиме што ќе правиме натаму, не сакам да прејудицирам, изјави Стефановиќ“.
Морина беше уапсен минатата недела, на граничниот премин Блаце, по распишана потерница од Интерпол, а Србија ќе бара негова екстрадиција како осомничен за воени злосторства на Косово во 1999 година.