Македонија меѓу „топ 10-те“ со најмал ризик за „перење“ пари 

Според Базелскиот индекс за спречување на перење пари (ML/TF), Естонија се рангира на второ најниско место на глобално ниво според ризикот од перење пари и финансирање на тероризам, и покрај неодамнешниот случај на перење пари од „Данске Банка“, преку филијалата на таа банка во Естонија.

Околу 200 милијарди „испрани“ евра или на друг начин сомнителни пари се смета дека поминале преку „Данске банка Естонија“ во период од неколку години, иако имало предупредување од финансиските служби во Естонија уште 2014 година.

Естонија е на второ место (од 129) веднаш по Финска со индекс 2,73 (колку е помала бројката, толку подобро).

Литванија е трета, која со Нов Зеланд, Македонија, Бугарија, Словенија, Шведска, Хрватска и Израел ги сочинуваат првите десет.

По скандалот со „Данске банка“ индексот на ризикот во Данска се зголеми на 4,11, и сега е на 16-то место и тоа е најголемо поместување надолу на листата.

Во составот на 10-те најмалку ризични земји,  Литванија, Македонија, Бугарија и Хрватска, ги заменија Латвија, Исланд, Данска и Полска…

„Basel AML Index… е независно годишно рангирање според проценетиот ризик од перење пари и финансирање на тероризам (ML / TF) низ целиот свет”.

Индексот во 2018 година е седмиот издаден под покровителство на Меѓународниот центар за наплата на средства, дел од Базелскиот институт.