Македонија меѓу иницијаторите, но Косово одбиено за прием во Евровизија

Поддршката и од Македонија, која заедно со Црна Гора, Хрватска, Словенија и Унгарија иницира прием на Косово во Европска радиодифузна унија (ЕБУ), не резултира со членство, откако предлогот беше одбиен со мнозинство гласови.

Против одлуката 673 гласа, наспроти 400 за промена на Статутот и 113 воздржани, е епилогот од процесот што траеше повеќе од една година, а заврши вчера во Осло, каде што непосредно пред гласањето Унгарија го повлече својот потпис од барањето за преседан во корист на Косово.

„Тие имаат договор со ЕБУ и ги имаат сите бенефити што ЕБУ им ги нуди на своите членки и на придружните членки. Ова беше политички потег, на некој начин докажување дека Косово е држава, а не меѓународен протекторат“, прокоментира Миливое Михајловиќ, помошник-директор на Радиотелевизија на Србија (РТС), кој присуствуваше на состанокот во Осло.

Одбиениот прием на Косово во ЕБУ значи дека и понатаму нема да може да учествува на „Евросонг“.