Непријателски националистички пораки беа упатени денеска од прославата на бугарскиот национален празник каде премиерот Петков и спикерот на Собранието Минчев дадоа изјави според кои е можно за Бугарија и Македонија да е ,,бугарска земја со бугарско население”.
Според претседателот на бугарскпто Собрание Минчев Санстефанскиот договор ги обединувал СИТЕ БУГАРСКИ ЗЕМЈИ со бугарско население и од тогаш останал идеал ОБЕДИНЕТА БУГАРИЈА.
Според премиерот Кирил Петков целта на сите Бугари е ,,да ја имаме Обединета Бугарија…”, што ако се поврзе со изјавата на Минчев за бугарски земји со бугарско население кое било дел од Бугарија со договорот од Сан Стефано значи дека и Македонија може да биде меѓу зњмјите кои што според Петков треба да биде обединета во Бугарија.
Петков вели дека е време ,,да кажеме БУГАРИЈА Е НАД СЕ”, што многу наликува на слоганот на нацистите на Хитлер ,,Германија над се”.
На мапата од Санстефанска Бугарија која соседот ја смета за официјален државен симбол има територии на денешна Македонија што според европските стандарди е отворена територијална претензија кон земјава.
Ниту Петков ниту Минчев не прецизираа ниту се оградија дека нивните изјави не значат територијални претензии кон Македонија.
Деловите од нивните изјави кои зборуваат за провокациите кон Македонија.
⚠️пораките од 🇧🇬⚠️
📌Претседателот на бг Собрание Минчев:
Санстефанскиот договор ги обединувал СИТЕ БУГАРСКИ ЗЕМЈИ со бугарско население и од тогаш останал идеал ОБЕДИНЕТА БУГАРИЈА📌Кирил Петков:
да ја имаме Обединета Бугарија… време е да кажеме БУГАРИЈА Е НАД СЕ ⚠️
🤔😠 pic.twitter.com/piSESFtLJX— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) March 3, 2022
Видео од целиот настан на кој Петков беше таман со снежни топки.
https://www.facebook.com/novinite.bnt/videos/1136533800439692/
,,Предавник”, ,,НАТО надвор”, ,,Оставка”: Бугарскиот премиер гаѓан со снежни топки (ВИДЕО)