Македонија ќе воведе 5Г технологија и за таа цел за почеток ќе потпише Меморандум за разбирање со НАТО, соопшти денеска претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност.
„ Втората точка на состанокот беа безбедносните импликаци во врска со 5Г технологијата кај нас.
Како членка на НАТО сме обврзани стриктно да ги следиме сите протоколи. Заклучокот во овој домен е дека владата и другите надлежни институции треба доследно да ги применуваат правилата и препораките на НАТО“ – рече Пендаровски.
Според Пендаровски нашиот Телеком пред неколку месеци бил во фаза на подготовка на тендер за обезбедување оператор на тој тип услуги, пренесе Плусинфо.