Македонија ќе мора да ја моли Русија за гасот што требаше да дојде од Србија

Владата сепак ќе мора да ,,клекне” пред Русија ако сака да го добие Гасот кој владата го најавуваше од Србија.

Руската државна енергетска компанија Газпром го има клучот од интерконекторот преку кој треба да дојде гасот кој беш најавуван од Србија, објасни денеска премиерот Димитар Ковачевски кој нагласи дека освен со Белград се водат интензивни преговори и со други држави за да се обезбеди електрична енергија по пониски цени од берзанските.

,,Со Србија постои можност, меѓутоа не 100-процентна, заради тоа што мора да биде реализирана низ мултилатерални договори, бидејќи ние имаме когенеративна централа во приватна сопственост не во државна на територијата на државата. Доколку Србија успее да обезбеди поевтин гас, тој гас би се донел и доколку успеат да го донесат до земјава со оглед на тоа дека интерконекторот со Бугарија кај Жидилово е закупен на долгорочен договор од страна на „Гаспром“. Тој не е во сопственост ниту на Република Северна Македонија, ниту на Бугарија, ниту на Србија, туку на „Гаспром“ – Русија. Само тие можат да дадат дозвола каков и колку гас да поминува низ гасоводот. Доколку се успее да се направи тоа значи дека поевтина цена на гас ќе произведе поевтина цена на електрична енергија која нормално дека ќе биде размената”, рече Ковачевски во одговор на пратеничко прашање за енергетската криза на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

За разлика од Србија Македонија на барање на ЕУ и НАТО воведе санкции кон Русија а претходно во неколку наврати протеруваше и руски дипломати од Скопје.

Поради тоа нејасно е дали Москва ќе се согласи да дозволи руски гас да дојде до Македонија.

Ако Москва се согласи гасот ќе мора да биде платен во Рубљи.