Македонија ќе ја избегне Франција на ЕП во ракомет

Во ждрепката за Европското првенство 2022 во Словачка и Унгарија ракометната репрезентација на Македонија ќе биде во третиот шешир заедно со Франција, што значи дека ќе го избегне трикратниот европски шампион.

Покрај нив, во него ќе се најдат и соорганизаторот Словачка, потоа Исланд, Белорусија и Чешка, кои исто така нема да им бидат ривали во групата на избраниците на селекторот и капитен Кирил Лазаров.

Носители на групи ќе бидат Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија и Португалија.

Вториот шешир ќе го сочинуваат Шведска, Унгарија, Русија, Данска, Србија и Австрија, а последниот Холандија, Црна Гора, Украина, Полска, Босна и Херцеговина и Литванија.

Извлекувањето на групите е закажано за в четврток од 17 часот во Будимпешта.