Анализирајќи ја оставката на македонскиот премиер Зоран Заев, професорот на Филозофскиот факултет во Белград, Леон Којен, очекува Македонија да добие нов политичар од таков тип, но не за долго.
„Ќе се појави ли некој посериозен политичар кој ќе им каже на Македонците да се потпрат на себеси и на своите способности, ајде да видиме дали можеме да направиме нешто на кој било план, а да не очекувам вечно дека ќе дојде спасител на бел коњ од Брисел, тоа не знам. Запад ја контролира Македонија не само преку славните ветувања, не само низ припадноста на Македонија во НАТО, туку ја контролира и преку Албанците. Ако би се појавил некој посериозен политичар кој би се обидел да биде малку понезависен, тој секако би бил дочекан на нож од страна на Албанците, така што јас не гледам дека Македонија политички има некаква посебна перспектива. Тие ќе добијат нов Заев, а каква ќе биде неговата судбина ќе видиме, иако се сомневам дека и тој ќе остане долго на власт“, изјави Којен за „Спутник“.