Македонија во своето деби на европските првенства би можела да игра пред полуисполнета Национална арена во Букурешт, односно пред 24.000 гледачи, откако Романската фудбалска федерација побара од Министерството за здравство трибините да бидат пополнети до 50 проценти од нивниот капацитет.

Досега беше дозволена 25 отсто публика на натпреварите во Букурешт, меѓу кои и двата на избраниците на селекторот Игор Ангеловски на 13 јуни против Австрија и четири дена подоцна против Украина.

Прашањето треба да биде решенои најдоцна до среда, која УЕФА ја постави како краен рок за градовите-домаќини на ова ЕП да се изјаснат колку фудбалски фанови ќе дозволат.