Извршниот директор на Бугарскиот фудбалски сојуз (БФС), Борислав Попов, е убеден дека Македонија ќе добие санкција од УЕФА за исвиркувањето на националната химна на Бугарија пред почетокот на меѓусебниот дуел од Лигата на нациите во понеделникот во Скопје.
„Во нашиот натпревар свирежите беа многу послаби и делегатот ги опиша. Колегите, со кои зборував, а кои беа на мечот со Северна Македонија, ми рекоа дека делегатот ги опишал. Не постои начин да се пропушти такво апсолутно неприфатливо, па дури и хулиганско однесување. Пред три години бевме казнети со 10.000 евра“, изјави тој за Бугарската национална телевизија (БНТ).