Делото на Кирил и Методиј се чувало и развивало во Охрид кој бил во средновековна бугарска држава, стои во
,,Препораките за заедничко одбележување на историски личности”, усвоени од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија.
Комисијата формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република С. Македонија и Република Бугарија смета дека делото на светите Кирили Методиј се сочувани и развивало во
Охрид и Преслав кои дотогаш биле дел од средновековна бугарска држава.
Со ваква дефиниција Македонија и во обострана комуникација и прес светот и дава за право да тврди дека двајцата светци и просветители биле Бугари.
Делот за Кирил и Методиј во препораката на комисијата за историски и образовни прашања за кој се согласиле и македонските членови на комисијата предводени од Драги Георгиев кој е директор на Институтот за историја.
,,Мисионерското дело на Светите браќа Кирил и Методиј ги поставува основите на христијанската култура и духовност на словенските народи.
Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик. Делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа. Тоа дава суштествена основа на современите држави Република С. Македонија и Република Бугарија заеднички да го одбележуваат денот на Св. Кирил и Методиј.
Бурните културни процеси, кои започнуваат во текот на 19. век, наоѓаат израз и во засилениот интерес кон животот и делото на Св. Кирил и Методиј. Во средината на 19. век сеќавањето за Св. Кирил и Методиј станува дел од светската културна традиција, а денот на нивниот црковен празник започнува да се одбележува во училиштата. За првпат тоа се случува во Пловдив во 1851 година. Процесот на духовно будење и еманципација наоѓа израз во сеприсутното одбележување на празникот во многу училишта на територијата на современа Република С. Македонија и Република Бугарија. Следствено, делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици започнува да се одбележува и во други словенски земји, а нивниот придонес за европската цивилизација е признат и од Католичката црква, која ги прогласи за заштитници на Европа.
До сега кажаното дава основа и ги задолжува двете држави со одговорност за зачувување на сеќавањето за делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици преку годишни заеднички чествувања.
Најчитано
Најмалку 5 пораки испратени до јавноста со понижувањето на премиерот Ковачевски
Али и Груби, Таче кај ви е – Кој го ,,скина” премиерот од прославата на Рамковниот договор?