Македонија ја урна Белгија на стартот од ЕП во кошарка за кадети во Скопје (ВИДЕО)

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 16 години ја совлада Белгија со 63:57, по четвртини 20:18, 12:13, 14:16 и 17:10, на стартот од Европското првенство во Скопје.

Цврстата игра во одбраната во последните 10 минути ја анулира негативата од 45:38 во третата четвртина и му ја донесе првата победа на домаќинот во СРЦ „Кале“, кој утре од 18:30 часот на истиот терен ќе ја пречека „бронзената“ Франција од ланското ЕП исто така во Скопје, а в понеделник ќе игра со шампионот Литванија.

Доријан Ивановски со 16 поени и 5 асистенции беше најдобриот поединец во македонскиот тим, пред Никола Јаничиќ со 13 поени и 9 скока, Дамјан Ивановски запиша 13 поени и 5 скока, а Сергеј Петровиќ 10 поени и 6 скока.

Прво име на мечот, пак, беше Џејден Хоџ од Белгија со перформанс 30 и дабл-дабл од 25 поени и 19 скока.

Линк од целиот натпревар Македонија – Белгија:

https://www.youtube.com/live/0yNkoI8ypFI?feature=share