Македонија ја губи Франција во европскиот фронт против Бугарското вето

Македонските власти ризикуваат целосно да ја загубат поддршката од Франција во европскиот фронт кој се гради во ЕУ а кој има цел да изврши притисок врз Бугарија да го повлече ветото за Скопје.

Било какви навредливи и радикални пораки кои ги вжештуваат односите на Скопје со било кој важен европски центар се на штета на процесот на евроинтеграција на Македонија, анализираат високи дипломатски извори во Брисел кои се дел од енергијата која има за цел да се надмине бугарската блокада за Македонија.

Со вчерашната изјава на близок советник на македонскиот премиер кој го обвини францускиот претседател Макрон дека лажел за датумот за преговори на Македонија со ЕУ, официјално Скопје направи сериозен дипломатски гаф, тврдат упатени евродипломати кои утрово ја добиле веста за сериозните клевети против, во моментов најмоќниот европски политичар.

Вчера советникот на премиерот Заев, Исмет Рамадани во емисијата Само вистина пред целата македонска јавност го нарече Макрон лажго и обвини дека тој лажел дека Македонија добила датум за преговори.

Брисел ја разбира нервозата и разочарувањето во Скопје поради бугарската блокада но во никој случај не смее да ги користи своите “јастреби” за пресметка со европските фактори кои одлучуваат за процесот на проширувањето.

Ваквите радикални изјави не смеат да бидат во вокабуларот во односите со ниту еден европски или регионален политичар а особено не смеат да се упатуваат кон луѓето кои имаат моќ и желба да помогнат во обидот Бугарија да отвори “прозорец на можноста” за наскоро Македонија да ги започне долгоочекуваниот преговори, вели дипломатот на прашањето како ја коментира недипломатската изјава на блискиот соработник на премиерот Заев.

Што кажа вчера советникот на македонскиот премиер:

Дипломатски скандал: Советник на Заев го обвини Макрон дека излажал за датумот (ВИДЕО)