Уште 12 патници кои пристигнале со саботниот лет на Визер од Скопје во Турку, Финска, биле позитивни на ковид-19, соопштија финските власти, дознава Плусинфо.

Ова е трет по ред лет Скопје – Турку во кој беа откриени патници позитивни на ковид-19. На првиот лет на 8 август по доброволното тестирање на сите кои пристигнаа од Скопје позитивни беа 26 лица, а на вториот на 11 август уште пет. Вкупно досега на трите лета се регистрирани 42 случаи на корона вирус. Најголем дел од патниците во трите лета биле со патни исправи на Косово и на Финска.

Поради зголемниот број „увезени“ случаи на ковид-19 загриженост изрази и градоначалничката на Турку, Мина Арве која побара да се размисли за воведување задолжителен негативен тест за сите кои влегуваат во Финска, како и други ограничувања за патниците кои доаѓаат од ризични земји.