Македонија и во февруари неславен лидер на регионот според инфлацијата

Приматот на земја со највисока инфлација во регионот Македонија го задржа и во февруари, кога Државниот завод за статистика измери 16,7 проценти.

Зад Македонија во овој поглед се Србија со 16,1 отсто, Бугарија со 16 отсто, Романија со 15,52 отсто, Црна Гора со 15,1 отсто, Хрватска со 11,9 отсто, Косово со 10,5 отсто, Словенија со 9,3 отсто, Албанија со 7,1 отсто, Грција со 6,1 отсто итн.