Новинарот Петар Волгин, водител на емисијата „Политички НЕкоректно“ на Бугарското национално радио (БНР), во објава на Фејсбук изнесе тешки навреди за Македонците, Украинците и нивните држави, нарекувајќи ги „квазидржавни творби“!
„Неверојатно колку си личат таканаречените држави Северна Македонија и Украина. Велам таканаречени зошто тие не се држави во вистинската смисла на зборот. Тоа се хомункули изникнати од желбата на значајни геополитички плус историски случајности. Тоа се квазидржавни творби. Таа првична сличност меѓу двете води до уште блискости. Како Македонија, така и Украина, го градат својот идентитет првенствено преку одрекувањето на очигледното. А тоа е дека македонското нешто сосем до неодамна си беше бугарска област така како што украинското нешто си беше руска.
Во својот обид да го негираат очигледното Скопје и Киев прибегнуваат кон груби историски лаги. Македонците си ги бараа корените уште во империјата на Александар Македонски, додека Украинците поскромно лажеа, претставувајќи се само како основоположници на сè руско.
Има уште една сличност меѓу двете и таа е поврзана со бугарските поддржувачи на Скопје и на Киев. Едни те исти луѓе ги поддржуваат смешните претензии на Украина и на Северна Македонија. Не знам дали е случајно тоа совпаѓање или е поврзано со фактот дека грантовите за овие фанови доаѓаат од едно исто место. Односно, сумите се наплатуваат само ако нивните приматели зборуваат со љубов за македонската и за украинската кауза. И, соодветно на тоа, ги караат Бугарија и Русија. Фактот дека се Бугари очигледно не им пречи. Зошто, на крајот на краиштата, парите не мирисаат, како што мудро забележал царот Веспазијан. /Тој не е ниту Македонец, ниту Украинец/“, констатира Волгин во своето писание на социјалната мрежа.