Косово и Македонија наскоро ќе потпишат договор за воспоставување заеднички граничен премин што ќе го олесни движењето на граѓани и на стоки, најави косовскиот министер за инфраструктура Арбен Абраши по средбата со македонскиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски.
Токму создавањето заеднички граничен премин ќе биде еден од договорите на претстојната заедничка седница на владите на двата соседа.
Од средбата на двајцата министри и најавата дека до 2022 година ќе биде завршена изградбата на автопатот во Македонија што ќе ја поврзе со Косово.