Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска им порача на шесте држави од Западен Балкан, именувајќи ги поединечно, дека можат да ѝ веруваат на неговата земја во однос на нивната евроинтеграција.
„Овие шест држави: Северна Македонија, Восна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово, можат да ѝ веруваат на Германија“, изјави Шолц пред новинарите во Брисел на вториот ден од самитот на ЕУ.
Тој ја поздрави вчерашната одлука на Унијата да им додели статус кандидат за членство на Украина и на Молдавија, оценувајќи ја како „голем чекор“.