Доколку соодветни меѓународни институции поведат истрага за висока корупција во земјава, Македонија може да биде ставена на брза лента кон меѓународна трговска и финансиска изолација, се вели во анализата според која еден од првите антикорупционери во ЕУ покажал интерес за македонската корупција.
Словенечкиот експерт за борба против корупција Драго Кос во Македонија пристигнал на 21.март годинава, а остварил средба со сопствениците на „Кубус инженеринг“ Златко Тодоровски и Трифун Костовски, сопственик на пропаднатата „Еуростандард Банка“.
„Точно е дека Драго Кос дојде во Македонија, и тоа на моја покана.“ – вели Костовски за Инфомакс, додавајќи дека Кос бил заинтересиран за отворање на истрага во врска со високата корупција во Македонија која потекнува од интересите на неколку банкарски институции во земјава.
„Драго Кос оствари и средби во Владата, поточно со Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупцијата на која, според моите информации се упатени доста сериозни пораки и предупредувања“, тврди Костовски за Инфомакс.
Неофицијално, на средбата со Николовски присутна била и Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“, која не е достапна за коментар.
Од владата демантираат дека Кос остварил средба, додека од НБРМ тврдат дека тие немаат информација за официјална средба со претставници на Народната банка, но не коментираат дали некој остварил неофицијални средби со словенечкиот антикорупционер.
„Народната банка нема официјални информации за споменатата посета на г. Драго Кос. Претставници на Народната банка, во текот на овој месец не учествувале на состаноци со г. Кос.“ – велат од НБРМ.
Од Влада објаснуваат дека Драго Кос не бил на листата на гости кои влегле во периодот од 21.март до 23.март.
„Личноста за која прашувате не е на листата на гости од странство со кои претставници на Владата на Република Северна Македонија имале средби во посочениот период.“ – стои во одговорот на прес-службата на владата.
За посетата на Драго Кос на Македонија потврди и сопственикот на „Кубус“ Златко Тодоровски, кој вели дека борец против корупција како Кос ретко се наоѓа во светски рамки.
Повеќе детали за посетата која може да ја стави Македонија на Европската црна листа за корупција на овој ЛИНК