Македонската полиција по итна постапка екстрадирала 21-годишен маж обвинет во врска со убиството на 17-годишната девојка во атинско предградие Перистери.

Мажот бил уапсен во петокот во близина на Скопје и на барање на грчките власти веднаш бил екстрадиран во Грција.

Македонската полиција започнала со потрага по осомничениот на барањето на полицијата во Атина, која верува дека осомничениот се обидел да побегне во северна Европа.

Полицијата успеала да му влезе во трага на мажот преку сигналот од неговиот мобилен телефон, како и преку телефонот од убиената девојка, кој осомничениот го одзел.

Осомничениот, кој е со пакистанско потекло, бил дел од групата илегални мигранти запрени од северномакедонската полиција.

Жртвата со име Николета, била пронајдена мртва од мајката и сестра кога се вратиле во семејниот дом нешто по 23 часот во понеделник навечер. Таа била задавена.