Фотографијата на месецот ни доаѓа од јубилејното 25 издание на ,,Златната Буба Мара на популарноста”.

Моментот овековечен на фотографијата се случува за време на изведбата на песната ,,Кога падна на Пирина” во чест на Јане Сандански.

Додека групата Некст Тајм ја изведуваше познатата обработка на популарната народна песна во чест на Јане Сандански на сцената се качи сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски.

Кога домаќинот на шоуто Сашко Коцев во знак на почит му ги ,,чистеше” кондурите на освојувачот на сребрениот медал од олимпијадата во Пекинг тој извади банер со името Македонија и ѕвездата од Кутлеш и го развиори во салата.

Во тој момент од почит на нозе станаа сите присутни во славата Борис Трајковски при што е направена оваа фотографија.

Предходно Сашко Коцев се шегуваше со политичарите од власта нарекувајќи ја Македонија ,,нашата земја”.

Најчитана вест

Дипломатката со искуство од Вашингтон на страната на Македонија

Бугарска кавга во живо за Македонија