Македонија меѓу седумте европски држави што прифатија рускиот гас да го плаќаат во рубли

Шест членки на Европската унија плус кандидатката Македонија прифатија да го плаќаат рускиот гас во рубли и отворија две сметки во Гаспромбанка, 11 европски држави одбија да го сторат тоа, а пет сè уште немаат донесено конечна одлука.

Покрај Македонија, гасот од Русија го плаќаат во рубли уште Германија, Италија, Франција, Австрија, Унгарија и Словачка.

Таквиот услов на „Гаспром експорт“ го отфрлија Полска, Холандија, Бугарија, Данска, Летонија, Литванија, Финска, Велика Британија, Чешка, Словенија и Естонија, а уште не се изјасниле Романија, Грција, Белгија, Швајцарија и Хрватска.

Русија не ги смета за непријатели, а со тоа продолжуваат да плаќаат како и досега Србија, Турција, Белорусија, Казахстан, Молдавија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Кина, како и отцепената грузиска област Јужна Осетија.

„Гаспром“ денеска престана да ѝ испорачува гас на Финска, а претходно тоа го стори со Полска и со Бугарија, кои исто така одбија да плаќаат за гасот во руската национална валута.