Македонија е земја со најголема демографска катастрофа на светот (ВИДЕО)

Анализите на демографската ситуација покажуваат дека Македонија е земја со најголем демографски пад на светот.

Екс пратеникот Влатко Ѓорчев денеска објавува дека во првиот квартал од 2023 година се родени само 3.600 бебиња.

Ѓорчев дава споредба со 2016 година кога за истиот период, прв квартал од годината, биле родени 5.600 бебиња.

Според Ѓорчев одговорноста за демографската катастрофа од неверојатни минус – 40 проценти е кај првите луѓе на СДСМ и ДУИ.

Поради најголемиот демографски пад на светот Ѓорчев бара оставка од Пендаровски и Ковачевски.

Ѓорчев беше најголемиот либист за низа владини мерки во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога беа воведени разни видови помош за родители со новородени деца.

Голем дел од тие мерки кога СДСМ дојде на власт ги укина или ги промени по што се случува демографскиот пад во Македонија.

Целата прес конференција на Ѓорчев