Македонија е целосна и неподелена благодарејќи на Заев, вели – Чауш!

Захир Беќири Чауш, првоосомничен во случајот „Фабрика за афери“, за кој беше осуден на 2,5 години затвор, го претстави неговиот сопартиец и лидер на СДСМ, Зоран Заев, како спасител на Македонија.

„ВИСТИНАТА!
Македонија е целосна и неподелена благодарение на Зоран Заев!“, објави на Фејсбук човекот гонет за фалсификување лична исправа и за злоупотреба на лични податоци.

Во дискусијата под постот тој објаснува дека зборува во минато време и оти „сега тоа е решено прашање“.

Прашан кој тоа претходно, пред Заев, ќе ја поделел Македонија, Чауш со одговор: „Тие што ги поделиле Југославија, Русија (СССР – н.з.) и други земји“.