Институтот за економија и мир секоја година прави листа на најбезбедни и најмирољубиви држави во светот а на тој Глобален индекс на мир (GPI – Global Peace Index), Македонија е 36-то место.

Почнувајќи од 2017 година, Македонија напредува секоја година – на листата држави од Западен Балкан стои најдобро, а во однос на државите од екс Југославија од нас се подобри само Словенија и Хрватска…

Македонија е во групата држави со т.н. ‘Високо ниво на безбедност’… Еве како одел прогресот на Македонија во последниве шест години:

2017 – 103

2018 – 87

2019 – 65

2020 – 62

2021 – 40

2022 – 36

За најбезбедна држава во светот се смета Исланд, а на последните три места на оваа листа од 163 држави се Сирија, Јемен и Авганистан… Кина се наоѓа на 89-тото место, САД се на 129-то, а Русија на 160-то место!