Македонија ќе биде еден од домаќините на Европското првенство за одбојкари во 2023 година, потврди денеска претседателот на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Александар Боричиќ, јави порталот СДК.

Со тоа, и најдобрите македонски одбојкари ќе задржат континуитет во настапите на европските првенства, откако дебитираа пред две години во Словенија и имаат обезбеден пласман на следното, што ќе се игра во септември во Чешка, Финска, Естонија и Полска.

Претходно во 2022, Македонија ќе го организира и Европското првенство за одбојкарки до 19 години.