Македонија доби нов Елмас, голчиште на младиот репрезентативец во триумфот над Полска (ВИДЕО)

Мухамед Елмас, прв братучед на Елиф Елмас, со еврогол го запечати триумфот на фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години од 2:0 против домаќинот Полска на турнирот во Торун од квалификациите за Европското првенство.

Фантастичниот удар на 17-годишниот офанзивниот играч за врска на Гостивар во 70. минута го одушеви и полскиот ТВ-коментатор и ја крена на нозе македонската клупа.

„Црвено-жолтите“ имаа водство уште од 12. минута преку Никола Величковски, а Полјаците не реализираа пенал во 27. минута.

Следна пречка за избраниците на селекторот Тони Јакимовски на 14 октомври од 15:30 часот е Германија, која на стартот го декласира Казахстан со 6:0.