Нови ветувања за преговори, но без основа. По европската комисија, денеска и евроамбасадорот Дејвид Гир ирази надеж дека до крајот на годината ќе се одржи првата меѓувладина конференција, со што практично би се означил почетокот на преговорите на Македонија со Унијата. Но, не објасни на што ги темели овие оптимистички најави ако се има в предвид дека Бугарското вето засега останува зацементирано во Брисел, а во преговорите меѓу Скопје и Софија нема никакви поместувања објави АЛФА ТВ.

Јасно е дека има одлука да се почнат преговори. И сите треба да се потрудат да работиме на тоа. Сега се надеваме до крајот на годината и во иднина и да продолжиме со работа како што се отвораат групи поглавја, како што се водат преговорите, но не сакам да шпекулирам што ќе правиме за година или две. Сега се концентрираме да го реализираме ова до крајот на годината, истакна Гир.

Тој ги повтори ставовите на европската комисија од последниот извештај, во кои се вели дека Македонија ги исполнето условите за преговори, но нема ниту збор за спорот со Бугарија. Дека ветото што го испорача Софија останува главна пречка призна и вицепремиерот Димитров.

Линк до целиот текст.

Видео.