Американската конгресменка Лиса Меклејн не ја почитува извршната наредба на американскиот претседател Бајден насочена кон тие што не го почитуваат Преспанскиот договор.

Конгресменката од 10тиот дистртикт во Мичиген ја честиташе 30 годишната независност на државата Македонија а не на Северна Македонија.

“Би сакалa да им посакам на #Македонија и на моите македонско-американски пријатели во #М10 (областа 10 во Мичиген) многу среќен ден на независноста! #Македонија30”, напиша конгресменката.

Меклејн од оваа година е членка американскиот конгрес од редовите на Републиканската партија.

Избрана е делумно и со гласовите на Македонците во овој дел на Америка.

Најчитано

Владата на брат му на Вице Н. откри зошто не краде баш на секој тендер – пишува Горан Момироски (ВИДЕО)