Англискиот селектор Герет Саутгејт ја пофали фудбалската репрезентација на Македонија по ремито 1:1 со неговите избраници на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје на крајот од квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија.
„Секако дека би сакале да ги остваревме целите, но Северна Македонија беше прилично добра овде. Тие ремизираа со Италија, ви отежнуваат на теренот“, го цитира Би-Би-Си предводникот од клупата на Гордиот Албион, чија селекција ги заврши квалификациите без пораз и како победник во групата Ц ќе ја чека ждрепката за ЕП како носител.