Фудбалската репрезентација на Македонија има нерешен резултат 1:1 против Австрија по првото полувреме од натпреварот во Букурешт од групата Ц на Европското првенство.

Горан Пандев ја искористи грешката во одбраната на Австријците во 28. минута, израмнувајќи по водството на Штефан Лајнер десет минути претходно.