Никола Ставрески, независен кандидат Македонец на парламентарните избори во австралиската сојузна држава Викторија, заврши трет меѓу деветте кандидати во својата изборна единица Томастаун и не влезе во 88-члениот состав на претставничкиот дом на граѓаните.
По 69,6 проценти преброени гласови, Ставрески освои 1.626 гласа или 6 отсто од тие што денеска излегоа на гласање.
Уверливо победи Бронвин Халфени од Австралиска лабуристичка партија со 62,9 проценти од гласовите, пред Гурдавар Синг со 14,7 отсто.