Луѓето ширум светот користат нова веб-страница за да ја заобиколат пропагандната машина на Кремљ со испраќање индивидуални пораки за војната во Украина до случајни луѓе во Русија.

Ова го објавува македонскиот автор Бојан Панчевски за влијателниот американски весник Wall Street Journal.

,,Веб-страницата беше развиена од група полски програмери кои добија околу 20 милиони броеви на мобилни телефони и близу 140 милиони адреси на е-пошта во сопственост на руски поединци и компании. Веб-страницата по случаен избор генерира броеви и адреси од тие бази на податоци и му дозволува на секој каде било во светот да им испраќа пораки, со можност за користење однапред подготвена порака на руски јазик која ги повикува луѓето да ја заобиколат цензурата на медиумите на претседателот Владимир Путин”, пишува Панчевски.

Според него откако бил лансиран на 6 март, илјадници луѓе ширум светот, вклучително и многумина во САД, ја користеле страницата за да испратат милиони пораки на руски јазик, снимки од војната или слики од покривање на западните медиуми кои го документираат рускиот напад врз цивили. според Squad303, како што се нарекува групата што ја креирала алатката.

Иницијативата е една од бројните напори, главно на западните медиумски организации и влади, кои се обидуваат да ги пробијат строгите контроли што владата на Путин ги воведе во Русија за известување за конфликтот, кој на руските медиуми им е забрането да го опишуваат како војна, објавува WSJ.

И вие можете да пратите порака на случаен Русин од оваа адреса

https://1920.in/